Нвивачите со комитски песни, свирки од автомобилите и развеани македонски знамиња вечерва го најавија дуелот со Фудбалскиот клуб Железничар кој ќе се одржи в среда на Арената „Тодор Проески“, а на кој „Комитите“ ќе го прослават 35-иот роденден на клубот
Сообраќајот на дел од улиците во главниот град вечерва беше отежнат поради дефилето организирано од навивачите на Фудбалскиот клуб „Вардар“ Скопје, познати како „Комити“.
Дефилето започна во 18:30 часот од Ново Лисиче, по што продолжи низ центарот на Скопје.
Дел од булеварот „Партизански Одреди“ беше блокиран со полициски возила.
Нвивачите со комитски песни, свирки од автомобилите и развеани македонски знамиња вечерва го најавија дуелот со Фудбалскиот клуб Железничар кој ќе се одржи в среда на Арената „Тодор Проески“, а на кој „Комитите“ ќе го прослават 35-иот роденден на клубот.