Десетици жители на скопската населба Ченто вечерва околу 22 часот излегоа на протести откако тројца нивни сожители биле приведени до полицијата за кршење на полицискиот час, објави Алсат.

На протестот се појави и градоначалникот на Гази баба Борче Георгиевски, но видеото кое беше емитувано на Фејсбук страницата на населбата Lagjeja Hasanbeg-Shkup за кусо време беше тргнато.
Според последните информации лицата кои биле приведени се пуштени, по што и граѓаните се разотишле.

МВР се’ уште нема официјална информација за настанот и најавија дека ќе објават откако ќе ги имаат сите детали.