Возачот и другата девојка, која била сопатничка во возилото, завршиле со тешки телесни повреди
Девојка од Прилеп на возраст од 18 години загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, кај селото Долнени.
Според информациите од полицијата, девојката била сопатничка во автомобил „голф“ со кој управува нејзин врсник од село Пешталево. Покрај неа, во автомобилот имало уште една 18-годишна девојка.
Несреќата се случила синоќа околу 22 часот кога тие со автомобил „голф“ излетале од патот. Жртвата загинала на местото на сообраќајката, а на возачот и другата сопатничка им се констатирани тешки телесни повреди во болницата во Прилеп.