Министерството за инфраструктура и транспорт го координираше 10-минутното шоу што го запали ноќното небо над реката Хан
Владата на Јужна Кореја употреби 300 беспилотни летала за создавање необична слика на небото, со цел да им за да им се заблагодари на работниците во првите редови на фронтот и да ги охрабри граѓаните да продолжат да се борат против ширењето на коронавирусот, јави Си-ен-ен.
Министерството за инфраструктура и транспорт го координираше 10-минутното шоу што го запали ноќното небо над реката Хан во главниот град Сеул.
Беспилотните летала ноќеска го осветлија небото над Сеул носејќи мотивациски пораки насочени кон подигање на свеста за борба против вирусот ковид-19.
Пораките асоцираат на клучните мерки за превенција, вклучително и носење заштитни маски за лице, миење раце и одржување растојание од два метра.