Регистриран е пораст на бројот на заболени од грип. Во периодот од 6 јануари до 12 јануари се регистрирани 583 заболени од грип, што претставува зголемување од речиси трипати споредено со неделата пред неа, кога беа регистрирани 207 случаи, изјави епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.
Таа посочи дека и покрај тоа што бројот на заболени значително се зголемил, тоа не е бројка што го поминува прагот на сезонската активност, кога може да се каже дека веќе има вистинската сезона на грип.
„Наспроти податоците што ги добиваме од вирусолошкиот надзор, кои велат дека минатата недела се тестирани најголем број материјали – 18 од кои пет се позитивни, има три материјали позитивни на грип од типот H1 и два тип А, но не суптипизирани. Заедно со тоа што пред недели го детектиравме како H3 тип А, веќе имаме палета на разноликост, каде што превалира 70 отсто појава на тип А, а 30 отсто појава на типот Б“,
потенцира д-р Кузмановска.
Кузмановска вели дека најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (166), додека највисока инциденца е регистрирана на територијата што ја покрива Подрачната единица Дебар (209 на 100.000 жители) со 58 пријавени случаи.
Во сезоната 2019/2020 вкупниот број заболени од грип изнесува 1.618.