На 24.2.2023 во 3:55 часот во прилепската полициска станица било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица Галичани и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, информираат од МВР

Триесет и деветгодишен прилепчанец М.Д. починал рано утринава кога воз удрил во автомобилот што го управувал. Од ударот со повреди се здобиле други две лица Т.Х. (40) и Г.Б. (39), двајцата од Прилеп.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, до ударот дошло на патниот правец помеѓу Железничка станица Галичани и Железничката станица Прилеп.
„На 24.2.2023 во 3:55 часот во прилепската полициска станица било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица Галичани и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило ‘мерцедес’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (39) од Прилеп. На местото на несреќата починал M.Д“,
се вели во извештајот од МВР.
Од МВР информираат дека во несреќата со повреди, констатирани во прилепската Општа болница, се здобиле сопатниците Т.Х. (40) и Г.Б. (39), двајцата од Прилеп.