Првите два биле со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала, додека третиот имал интензитет од 2,4 степени
Три земјотреси се регистрирани изутринава во регионот на Маврово, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентрите на овие земјотреси биле на 65 километри југозападно од Скопје во околината на Маврово. Првите два биле со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала, додека третиот имал интензитет од 2,4 степени.
Според времето кога се регистрирани, првиот бил во 3:52 часот, вториот во 4:59, а третиот во 6:15.
Според досегашните податоци првите два земјотреса биле почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени, а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала.