Меѓу ранетите се едногодишно момче, петгодишно девојче, 11 – годишно момче, а единствената достапна информација за осомничените е дека биле повеќемина и дека избегале од областа
Три деца и двајца возрасни се повредени во пукањена детска роденденска забава во западниот крај на Торонто, соопштија официјалните лица.
Според канадската полиција, меѓу ранетите имало едногодишно момче, петгодишно девојче, 11 годишно момче и 23 годишен маж. Засега не е познато дали второто повредено возрасно лице има повреди од огнено оружје. Според болнички извори, едно дете е во критична состојба, другото е во сериозна, а третото е со полесни повреди.
Полициската инспекторка Кели Скинер дека единствената достапна информација за осомничените е дека биле повеќемина и дека „избегале од областа“. – Не знаеме што доведе до пукањето, рече таа, додавајќи дека кога полицајците пристигнале на местото на настанот, било „хаотично“.