По скенирањето на пликот со рендген, офицерите за безбедност на воздухопловните сили утврдиле дека содржи „механизам“
Трета експлозивна направа за два дена скриена во коверт била испратена во базата на шпанското воздухопловство во Торехон де Ардоз, во близина на Мадрид, главниот град на Шпанија.
По скенирањето на пликот со рендген, офицерите за безбедност на воздухопловните сили утврдиле дека содржи „механизам“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Вчера беа откриени две писма бомби. Едното било испратено во украинската амбасада во Мадрид, а другото во компанија која произведува оружје на северот на земјата, соопшти шпанската полиција. Првата бомба експлодира и нанесе полесни повреди на еден украински службеник.
Полицијата ја истражува поврзаноста на бомбите. Се верува дека првите два инциденти се поврзани бидејќи на двата плика со бомби била напишана иста адреса на е-пошта.
По првиот инцидент, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите украински амбасади во странство „итно“ да ја зголемат безбедноста и ја повика Шпанија да започне истрага за нападот.