Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол и го опколи просторот каде што се наоѓа дипломатското претставништво
Шпанската полиција соопшти дека дошло до експлозија во украинската амбасада во Мадрид, пренесува Ројтерс. Станува збор за писмо бомба, а еден вработен во амбасадата е повреден. Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол.
🔴 Se ha registrado la explosión de un artefacto en la embajada de Ucrania en Madrid.
— RTVE Noticias (@rtvenoticias) November 30, 2022
Un empleado ha resultado herido leve cuando manipulaba un sobre.
⭕ En DIRECTO en el #Canal24Horas
🔸 https://t.co/0Ix6dDasm5 pic.twitter.com/BkBqaww09F
Ројтерс јавува дека вработениот во амбасадата е полесно повреден и моментално е во болница. Според извори на кои се повикува „Ефе“, писмото било адресирано до амбасадорот и не поминало низ скенерот, туку го отворил чувар во градината на амбасадата.
Полицијата го активираше антитерористичкиот протокол и го опколи просторот каде што се наоѓа дипломатското претставништво. Единици специјализирани за деактивирање на експлозивот „Тедакс“, како и други полициски единици излегле на местото на настанот.
Засега од амбасадата не сакаат да го потврдат настанот ниту да дадат изјави за него.