Уште еднаш упатија апел до министерот за финансии да го одобри колективниот договор, за вработените во овој сектор да добијат зголемена плата во износ од 30 проценти, по примерот на вработените во Министерството за финансии
Очигледно е дека постои нерамноправност меѓу вработените во јавниот сектор – додека едни се во привилегирана состојба, другите треба да молчат и да се помират со фактот дека своите работни обврски треба квалитетно и навремено да ги извршуваат за плата од 25 илјади денари.
Ова на денешниот протест уште еднаш го повторија вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм. На протестот пред зградата на Владата тие уште еднаш го изразија своето незадоволство од ниските месечни примања.

Уште еднаш упатија апел до министерот за финансии да го одобри колективниот договор за вработените во овој сектор да добијат зголемена плата во износ од 30 проценти, по примерот на вработените во МФ.
„Ако во Финансии велат дека потпишувањето на колективен договор со нашите институции не е во корелација со процесот на фискална консолидација за наредниот среднорочен период, како се оправдува зголемувањето на платите на вработените во ова министерство? Бараме од Владата и од премиерот да не дозволат ваква поделба на дел од вработените во јавниот сектор“,
изјави на денешниот протест претседателот на синдикатот при Министерството за култура, Бранко Костовски.
На денешниот протест учествуваа и претставници на Синдикатот на културни работници (СКРМ), кои изразија поддршка, а како што најави Костовски, наскоро очекуваат да им се придружат и нивни колеги од другите министерства.