Минатата недела, говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Вашингтон нема да се откаже од барањето Иран да го предаде збогатениот ураниум
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во телефонски разговор со Трамп постигнале согласност дека секој можен договор со Иран мора целосно да ја отстрани нуклеарната закана. Тоа, како што рече, подразбира демонтирање на иранските капацитети за збогатување ураниум, како и отстранување на резервите на високо збогатен ураниум од земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп ги претстави своите планови за справување со збогатениот ураниум на Иран, наведувајќи дека тој би можел да биде пренесен во Соединетите Американски Држави (САД) и таму уништен, или, во координација со Техеран и под надзор на надлежните институции за атомска енергија, да биде уништен на друга локација, пренесува Си-ен-ен.

„Збогатениот ураниум (нуклеарна прашина!) или веднаш ќе биде предаден на Соединетите Американски Држави за да биде уништен или, по можност, во соработка и координација со Исламската Република Иран, ќе биде уништен на самото место или, на друга прифатлива локација. Комисијата за атомска енергија, или нејзиниот еквивалент, ќе биде сведок на овој процес и настан“,
напиша тој на неговата социјална мрежа Трут соушл.
Минатата недела, говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп изјави дека Вашингтон нема да се откаже од барањето Иран да го предаде збогатениот ураниум.
„Веројатно ќе го уништиме откако ќе го добиеме, но нема да им дозволиме повторно да дојдат до него“,
кажа тој.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во телефонски разговор со Трамп постигнале согласност дека секој можен договор со Иран мора целосно да ја отстрани нуклеарната закана.
Тоа, како што рече, подразбира демонтирање на иранските капацитети за збогатување ураниум, како и отстранување на резервите на високо збогатен ураниум од земјата.
„Тоа значи дека капацитетите за збогатување ураниум во Иран ќе мора да бидат демонтирани, а резервите на високо збогатен ураниум да бидат отстранети од земјата“,
кажа тој.
Американските сили утрово извршија напад врз Jужен Иран, што е прв ваков напад по прекинот на огнот на 8 април.
Според американски претставници, цел на нападите биле ирански ракетни позиции и бродови кои наводно се обидувале да постават мини во Ормускиот Tеснец, еден од најважните светски транспортни коридори за нафта и течен природен гас.
Од Централната команда на САД соопштија дека нападите биле извршени во рамки на „самоодбрана“ и имале цел да ја заштитат американската војска од заканите што ги претставуваат иранските сили.
