САД претходно ја зголемија царината за Кина на 104 отсто, по што Кина брзо одговори со објавување на царина од 84 отсто за увозот од САД
Наведувајќи дека повеќе од 75 земји побарале преговори за тарифите, Трамп рече дека „овластил 90-дневна пауза и значително намалена реципрочна тарифа во текот на овој период, на 10 отсто, кои исто така стапуваат во сила веднаш
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави 90-дневна пауза на царините што ги воведе за повеќето земји, но ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 отсто.

Одлуката Трамп ја објави на својата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social), која и покрај недостатокот на детали за кои земји точпно се однесува паузата, предзвика благ раст на берзите, кои се под закана од колапс поради трговската војна што тој ја наметна со царинската политика.
Сепак, она што е јасно, е дека паузата на т.н. реципрочни царини, чија основна тарифина линија изнесува 10 проценти, нема да важи за Кина.
„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ги зголемувам тарифите наметнати од Соединетите Држави за Кина на 125 отсто, кои веднаш ќе стапат во сила. Во некој момент, се надевам во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на ограбување на САД и другите земји веќе не се одржливи или прифатливи“,
напиша Трамп.

Наведувајќи дека повеќе од 75 земји побарале преговори за тарифите, Трамп вели дека „овластил 90-дневна пауза и значително намалена реципрочна тарифа во текот на овој период, на 10 отсто, кои исто така стапуваат во сила веднаш.
САД претходно ја зголемија царината за Кина на 104 отсто, по што Кина брзо одговори со објавување на царина од 84 отсто за увозот од САД.
Претходно денеска, Европската Унија одобри царини за околу 21 милијарда евра (23,2 милијарди долари) на американски стоки како одговор на царините од 25 отсто на Трамп за извозот на челик и алуминиум од ЕУ.
Мнозинството од 27-те земји членки на ЕУ денеска гласаа за дополнителни давачки од 25 отсто, од кои некои ќе стапат во сила на 15 април.
Производите што се соочуваат со царини вклучуваат дијаманти, земјоделски производи, живина и мотоцикли, како и соја, популарен извоз на Луизијана, американската држава во која живее лојалистот на Трамп и претседател на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.
Европската комисија во соопштението наведе дека контрамерките можат да бидат прекинати во секое време „доколку САД се согласат на фер и избалансиран исход од преговорите“.
Вториот круг царини на ЕУ ќе стапи во сила на 15 мај, додека третиот бран е закажан за 1 декември. Повеќето од целните стоки се соочуваат со тарифно ниво од 25 отсто, додека 10 отсто се утврдени за неколку категории производи.