Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека податоците на здравствените служби покажуваат дека во САД поминал врвот на пандемијата на коронавирусот, со што се отвора пат за неговите планови за враќање на земјата во нормален тек на живот, особено во делот на економијата.
Трамп на брифинг со новинарите во Белата куќа најави дека денеска ќе ги соопшти насоките по кои ќе се олабавуваат мерките, пренесоа американските медиуми.
Тој оцени дека најновите податоци се охрабрувачки и дека САД се подготвени за ублажување на мерките за социјално дистанцирање во областите во кои пренесувањето на коронавирусот е на ниско ниво, но не и во местата кои се потешко погодени од пандемијата.
Конечната одлука за ублажување на рестрикциите ќе ја донесат гувернерите на сојузните држави.
Бројот на заразени во САД во меѓувреме се зголеми на 644 348, додека 28 554 лица починаа, покажуваат податоците на интернет-страницата „Ворлдометерс“.
*Поврзана вест
Маските ќе станат задолжителни во Њујорк, САД со нов рекорден број жртви