Поранешниот американски претседател говореше на годишната конвенција на најголемото американско лоби за оружје, кое се одржува на неколку стотици милји од градот во Тексас каде што осумнаесетгодишник уби 19 деца и двајца учители во основно училиште пред да биде убиен од полицијата
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повика на „вооружување на граѓаните“ во борбата против „злото во општеството“, кое, според него, стои зад масакрот во основно училиште во Тексас.
„Постоењето на злото во нашето општество не е причина за разоружување на граѓаните кои го почитуваат законот“,
изјави Трамп пред водечкото американско лоби за оружје.
Напротив, додаде дека злото во општеството е причина за „вооружување на граѓаните кои го почитуваат законот“.
Најголемото американско лоби за оружје има годишна конвенција на неколку стотици милји од градот во Тексас каде што осумнаесетгодишник уби 19 деца и двајца учители во основно училиште пред да биде убиен од полицијата.
Полицијата во Тексас вчера призна дека направиле грешка што не интервенирале порано за да го спречат тексаскиот убиец.