Советникот вели дека Трамп сепак најверојатно ќе ја објави својата претседателска кандидатура следната недела бидејќи „понижувачко е да се одложи“
Новинарот на Си-ен-ен Џим Акоста објави на Твитер изјава од член на тимот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Советникот на Трамп тврди дека поранешниот претседател е бесен и им вика на сите поради изборните резултати. Советникот вели дека Трамп сепак најверојатно ќе ја објави својата претседателска кандидатура следната недела бидејќи „понижувачко е да се одложи“.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп даде интересна изјава вечерта на американските избори за Конгресот. Репортерот кој го интервјуираше поранешниот претседател во изборната ноќ, истакна дека Трамп поддржал повеќе од 330 кандидати на Републиканската партија во изборната кампања.
Трамп бил прашан колку од резултатите на републиканците, победа или пораз, ќе бидат негова заслуга, а тој дал фасцинантен одговор.
„Па, ако победат, јас треба да ги добијам сите заслуги. Ако загубат, никој не треба да ме обвинува мене“,
рече Трамп.