Дваесет и осумгодишниот М.С. од Скопје вчера го загубил својот живот давејќи се во велешкото езеро „Младост“, информира полицијата.
Момчето вчера во 15:30 часот, како што денеска соопшти МВР, влегол во езерото и се удавил.
Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош е констатирана смрт.
Извршен е увид од екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.