Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска најави дека Србија ќе и испрати на Северна Македонија хелихоптери за гаснење на пожарите
Денеска претпладне пристигнаа еден хелихоптер и два „ертрактори“ од Труција, а во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хелихоптери од Словенија и по еден хелихоптер од Србија и Црна Гора што ќе се приклучат кон гасењето на пожарите низ земјата. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој претседаваше со седницата на Управувачкиот комитет за координација на системот со управување со кризи, на која присустуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризиција и опасности Стојанче Анѓелов.

На седницата, како што информираат од МВР, се утврдила потребата да се активираат меѓународните механизмо за обезбедување на помош во водухоплови, кои ќе се вклучат во гасењеето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата.
„Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија“,
информира МВР.
Двата турски „ертрактори“, заедно со двата „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска се приклучија кон гасење на пожарот во Општина Ново Село во непосредна близина на границата со Бугарија на планината Огражден, а хеликоптерот испратен од Турција ќе им се приклучи на полицискиот и армискиот хеликоптер кои во моментов интервенираат на пожарот на планината Серта.
Фокус во текот на денот, како што рече диреекторот на ЦУК Стојанче Ангелов, ќе биде ставен на овие два пожара.
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска најави дека Србија ќе и испрати на Северна Македонија хелихоптери за гаснење на пожарите.
Од вкупно 26 на територија на државата, во последното деноноќие активни се девет пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Но, во некои случаи, под еден активен пожар се подразбираат и неколку помали во ист реон.
„360 степени“, според информациите на ЦУК направи мапа на активни пожари на територијата на државата.
Владата во саботата прогласи кризна состојба поради зголемениот број на пожари во земјава.