Од Министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека денеска во 15:30 часот, министерот ќе одржи прес-конференција
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска донесе одлуки за разрешување на пет началници, како и по еден помошник-началник и командир во Секторот за внатрешни работи (СВР) во Штип и во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани, дознава „360 степени“.

Така, по несреќата во Кочани се разрешуваат:
- Началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип
- Помошник-началник на Секторот за внатрешни работи Штип
- Началник на Одделение за полиција Штип
- Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип
- Началник на Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кочани
- Командир на Полициската станица од општа надлежност Кочани
- Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека денеска во 15:30 часот, министерот ќе одржи прес-конференција.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59, а повредени се над 150 лица.