„Имајќи предвид дека станува збор за сопруга на поранешен вработен во МВР, кој животот го дал токму во рамки на своите службени активности, бранејќи го територијалниот интегритет и безбедноста на државата. Не сакам да доведе оваа моја изјава дека го напаѓам премиерот. Сигурен сум дека техничкиот премиер не знаел која е госпоѓата. Од каде да знае. И јас не знаев. Кога го гледав срамното видео, не знаев која е госпоѓата. Но, требаше да има доблест пред македонскиот народ“, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада
Техничката владата функционира катастрофално. Кога имате технички премиер кој се однесува така во рамки на службите на Министерството за внатрешни работи, не може да очекувате дека Владата функционира поинаку, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски во интервју за МИА одговарајќи на прашањето како функционира оваа влада, но и кој е неговиот коментар за ненајавената посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово.

„Жално е граѓаните да се сведоци на едно такво девијантно однесување. Секој може да згреши. И премиерот може да згреши, ама очекував да се извини. Да излезе наредниот ден и да каже: ‘Луѓе, се извинувам, ова што го направив е многу голем фаул‘. Навистина не доликува на еден премиер така да се однесува со вработени службеници во Министерството за внатрешни работи, кои хиерархиски се под него“,
вели Тошковски.
Според него, Џафери со својот однос требало да внимава и да има предвид дека станува збор за нечија мајка, сопруга.
„Особено, имајќи предвид дека станува збор за сопруга на поранешен вработен во МВР, кој животот го дал токму во рамки на своите службени активности, бранејќи го територијалниот интегритет и безбедноста на државата. Не сакам да доведе оваа моја изјава дека го напаѓам премиерот. Техничкиот премиер сигурен сум дека не знаел која е госпоѓата. Од каде да знае. И јас не знаев. Кога го гледав срамното видео, не знаев која е госпоѓата. Но, требаше да има доблест пред македонскиот народ, пред македонските граѓани, особено пред колегите во Министерството. Можеше барем да се извини“,
рече министерот за внатрешни работи во техничката влада.
Техничкиот премиер Талат Џафери пред неколку дена беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во овој сектор за внатрешни работи недостига организација во извршување на задачите на дневна основа.
„Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани“,
рече тогаш Џафери.
Министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ обвини дека Владата му го ускратила законското право да изврши 15 разрешувања или распоредувања на носители на раководни позиции во МВР. Не му е прифатен предлогот за смена на началникот на СВР Тетово, што според Тошковски фрла огромна дамка на целиот изборен процес.
„Апсолутно е нејасно и правно неиздржано и никако не може логички да се објасни, освен со некои вакви претпоставки, зошто само СВР Тетово не треба да има двајца началници како сите други СВР кои треба да го гарантираат овој процес. Еве јас ќе поставам прашање, нели целта на една техничка влада е да се испочитува Законот за влада и да се има некоја гаранција на целокупната територија во Македонија, или тоа не важи за Тетово и Гостивар, зашто Гостивар влегува под СВР Тетово“,
рече тој.