Украина, која постојано ги повикува сојузниците да испорачуваат повеќе пресретнувачи на ракети за да се одбранат од руски балистички напади, не пријави пресретнување на ниту една од ракетите во нападот во текот на ноќта

Бројот на жртвите се искачи на 17, а најмалку уште 45 луѓе се повредени, откако Русија ја нападна Украина со балистички ракети и дронови. Ова е еден од најсмртоносните напади врз Киев годинава, кој започна по полноќ, пишува „Би-Би-Си“, откако беа погодени станбени згради, железничка станица и магацини.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пресретнувачите „можеле да спасат животи“. Украина, која постојано ги повикува сојузниците да испорачуваат повеќе пресретнувачи на ракети „Патриот“ произведени во САД за да се одбранат од руски балистички напади, не пријави пресретнување на ниту една од ракетите во нападот во текот на ноќта.
Зеленски додаде дека доцнењата во добивањето на антибалистички системи од партнерите доведуваат до „ужасни жртви и уништување“.
Претседателот подоцна рече дека снабдувањето со пресретнувачи од сојузниците е „значително намалено“ оваа година.
As of now, 44 people have been reported injured in the massive Russian strike on Kyiv and the Kyiv region. Another 17 people, tragically, were killed. My condolences to their families and loved ones. It was a heavy strike – 24 ballistic missiles, 4 Zircon/Oniks missiles, and… pic.twitter.com/4LoHXXkt8R
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 5, 2026
Руското министерство за одбрана соопшти дека погодило логистички центри и центри за снабдување во Киев и околниот регион.
„Овие центри беа вклучени во складирање, испорака на разни оружја и воени материјали, како и во производство и дистрибуција на беспилотни летала“,
се вели во соопштението.
Зеленски ги демантира ваквите тврдења и вели дека објектите немале никаква врска со војната.
Русија ги интензивираше нападите врз Киев во последните недели, додека Украина, исто така, ги зголеми нападите врз руската цивилна инфраструктура, вклучувајќи ги и енергетските постројки.
