Најмалку седуммина загинале во Тексас, меѓу кои две деца на возраст од две и од пет години. Четири жртви има во Арканзас, а две во Оклахома
Најмалку 13 лица загинаа, а голем број се повредени во торнадо што ги погоди американските сојузни држави Тексас, Оклахома и Арканзас, објави Би-би-си.
Најмалку седуммина загинале во Тексас, меѓу кои две деца на возраст од две и од пет години. Четири жртви има во Арканзас, а две жртви во Оклахома.
Торнадото предизвикало штета на автопатот што ги поврзува Тексас и Оклахома, а уништило и неколку домови во бројни градови во Тексас, Оклахома и Арканзас, оставајќи 250 000 домаќинства без струја.
На почетокот на мај, четири лица загинаа во Ајова како последица на моќно торнадо.
Властите во САД предупредија дека во 2024 година може да се случат повеќе урагани под влијание на Атлантскиот Океан почнувајќи од јуни.