Српскиот претседател соопшти дека пак ќе биде студент – овојпат ќе учи за кошаркарски тренер.
„По вторпат во живото станав студент – сега на Високата спортска школа. Желба ми е да станам кошаркарски тренер за деца. Не би верувале колку сум среќен бидејќи по многу години почнав да си ги остварувам детските сништа“,
напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
Тој објави и фотографија на која се гледа индекс и кошаркарска топка.

Вучиќ во 1994 година дипломирал на Правниот факултет во Белград.