Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања

Во целата оваа година на вести, брзо и проверено информирање, се трудевме да ви ги овозможиме најважните домашни и светски наслови. Посветено, секој ден, екипата на „360 степени“ се трудеше да ги задоволи интересите на своите верни читатели и следбеници на социјалните мрежи за актуелните случувања. Отворивме многу чувствителни теми дома, а заслужено бевме и наградени за некои од нив.
Во продолжение ви ги претставуваме десетте најчитани вести објавени на нашиот портал во изминатите 365 дена. Нивната популарност, ја направија вашите „кликови“.
Среќна Нова 2023 година! Со искрени желби за многу здравје и успех и во новата година…
10 најчитани вести на „360 степени“ за 2022 година:

Во сообраќајна несреќа која се случи во скопската населба Карпош, во близина на „Сити Мол“ загина 24-годишна девојка во која удрил автомбил додека таа поминувала на пешачки премин, а повредено беше уште едно лице.

Вкупно 12 лица добија кривични пријави од МВР како осомничени дека се дел од групата службеници вработени на „Табановце“ кои земале поткуп од лица кои ја минувале државната граница. Тие се осомничени за делата злосторничко здружување, примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување. Деветмина од нив се приведени.
Исплатата по 3 000 денари во наредните четири месеци за ранливите категории се планира за од ноември

Владата донесе одлука да се подготви закон за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани во време на криза. Помошта за пензионерите беше 6 000 денари (по 1 500 денари месечно) за оние кои земаат пензија до 11 525 денари, како и 3 000 денари за тие со пензии од 11 525 до 14 000.
Прототема: Ќерка на македонски политичар и инфлуенсерка уапсена за шверц со дрога на Миконос

Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија која е и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, објави грчкиот весник „Прототема“. Девојката која уште е опишана и како 21 – годишна русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка е правник/адвокат, оперирала заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј.
Мицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил објави фотографија на која има и лице со пиштол в раце и посочи дека тој човек вечерва требало да го убие.

Назначениот директор Бојан Христовски, како вработен во МВР, не успеал да се стекне со безбедносен сертификат за користење класифицирани информации до степен „државна тајна“. Агенцијата за национална безбедност, која не му овозможила влез во нејзините структури, за него е „реформирана севернистичка безбедносна служба“.
Прегазен пешак кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случи во центарот на Скопје. Пешак беше прегазен пред мостот „Гоце Делчев“, во близина на пешачкиот премин, кој се смета за еден од најопасните, поради тоа што се наоѓа среде улица каде што многу често се вози со голема брзина.

Европската унија ќе треба да ги трпи последиците од нејзиното отсуство на единство во однос на Западниот Балкан, изјави поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и лидер на левичарската партија Сириза, во заедничката статија објавена на Exit и на EURACTIV. Ципрас го коментираше повеќекратниот неуспех на ЕУ да им одобри отворање формални преговори на Албанија и на Северна Македонија.
Поголем дел од Скопје остана без струја

Поголем дел од Скопје остана без електрична енергија, потврдија граѓани на скопските населби. Струја немаше во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби. Граѓаните со кои комуницираме рекоа дека на моменти стуја доаѓало, но веднаш снемувало.

Ексдиректорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова, пред да си даде отказ од функцијата, на Клиниката ѝ ги вратила сите исплатени средства, информираше министерот за здравство Беким Сали. Тој, сепак, не објасни што се подразбира под „сите исплатени средства“.