Поголем дел од Скопје доцна попладнево остана без електрична енергија. Како што за „360 степени“ потврдуваат граѓани на скопските населби, струја нема во Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и други населби.
Граѓаните со кои комуницираме велат дека на моменти стуја доаѓа, но веднаш снемува.
„360 степени“ се обидува да стапи во контакт со лицата задолжени за односи со јавност во ЕВН, но засега безуспешно. Оттаму нема информација што е причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија.