Шеснаесет годишно момче од Ресен доцна попладнево исчезна во водите на Преспанското езеро во туристичката населба Претор.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот го пријавила Итната медицинска помош во полициската станица Ресен.
„Во 18,18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“,
велат од МВР.
Нуркачи трагаат по телото на тинејџерот, кој се претпоставува дека се удавил откако се превртела педалинка.