Вечерва околу 20:10 часот цело Тетово накратко останало без струја, а моменталното снабдување со електрична енергија во градот е нормализирано, информираат од РЦУК Тетово.
Според овие информации, во градот и околината снемало струја поради невремето ширум земјата кое предизвикао пад на 110 кв извод на Тетово, а екипите на ЕВН веднаш изглегле на терен за санирање на дефектот.
Како што наведуваат од ЦУК, во 20:20 часот дефектот во Тетово бил отстранет.