Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно-научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број студенти во следниот период, изјави министерот Шаќири
Целосно се завршени градежните работи на новиот студентски дом во Тетово. Во моментов етапно се опремуваат собите и сите други простории и се очекува тој да биде подготвен за прием на студенти од идната академска година, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).
Увид во активностите денеска изврши министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик-министерот Агим Нухиу, ректорот на Тетовскиот универзитет проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Вулнет Амети. Шаќири. Информираа дека се работи за крупна инвестиција која ја реализира МОН и е во последна фаза на реализација. Ќе следи партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводната и електрична инфраструктура во градот.

„Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно-научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет“,
изјави Шаќири и додаде дека новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.