Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
Малолетник е тешко повреден откако бил физички нападнат од група негови врсници во двор на основно училиште во скопската населба Ѓорче Петров.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, настанот во СВР Скопје бил пријавен во средата (16 септември) околу 21 часот.
Според пријавеното, на инцидентот му претходела расправија, по која малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетни лица, од кои едниот го познавал.
Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во полициската информација, се здобило со тешки телесни повреди.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
