43-годишна жителка на Струга синоќа се здобила со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа што се случила на крстосница во Охрид.
Во жената удрил автомобил со охридски таблички управуван од жител на селото Лешани. Таа сега е сместена во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

„На 18.10.2024 година, во 20.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од бул. ‘Туристичка’ со ул. ‘Дејан Војвода’ во Охрид, патничко возило марка ‘фолксваген туарег’ со охридски регистарски ознаки, управувано од З. С. (43) од село Лешани, општина Дебарца, удрило во пешак К. С. (43) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К .С., констатирани во Специјалната болница ‘Св. Еразмо’ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид“,
соопшти МВР.
