Поради растот на новозаболени од ковид-19, сега не е време за отворање на градинките, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
„Во тој момент кога почна скринингот, ситуацијата беше таква за градинките да можат да се отворат и ние направивме скрининг со цел да ги заштитиме и децата и вработените. Но, со зголемувањето на бројот на новозаразени, сега во овој момент не е време градинките да се отворат, поради тоа што децата се големи трансмитери на вирусот кон членовите на нивното семејство“,
рече Филипче.
Тој рече дека во моментов тешко е да се каже кога би се отвориле градинките.