Според очевидци, како што пренесуваат германските медиуми, камион кој се движел на север во правец на Дрезден на А17 во близина на германско-чешката граница, налетал на сообраќаен метеж без да сопре
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на германскиот автопат во близина на чешката граница, повредени се 16 лица, од кои тројца потешко, пренесуваат германските медиуми.
Полицијата соопштила дека камионот, кој во неделата вечерта се движел на север во правец на Дрезден на А17 во близина на германско-чешката граница, налетал на сообраќаен метеж без да сопре.
Тоа доведело до верижен судир на 10 автомобили.
Засега не е позната причината за несреќата, ниту пак размерот на штетата. Очевидци изјавија за локалните медиуми дека некои возила биле уништени до непрепознатливост.
Северните ленти на А17 јужно од Дрезден сè уште беа затворени утрово, додека полицијата вршела увид на местото на несреќата.