Патничкиот авион поради безбедносни причини бил принуден да ја намали висината
Руски авион морал да ја промени насоката на движење, односно да се спушти пониско, откако правецот му го попречил шпионски авион на НАТО, изестуваат руските медиуми, предупредувајќи на ризици во воздушниот простор на источна Европа.
Според овие информации, авионот на НАТО летал во близина на цивилниот руски авион на авиокомпанијата „Аерофлот“ со повеќе од 140 патници во него и постојано ги игнорирал обидите при контролата на летањето, само за да стапи во контакт со него, пренесе „Раша тудеј“.
Патничкиот авион поради безбедносни причини бил принуден да ја намали висината.
Во соопштението на „Росавијација“ се наведува дека контрите на летање забележалеавион на НАТО, „Бомбардиер ЦЛ-600 Артемис“, како брзо се спушта од 11 000 метри на 9 200 метри височина, додека се движел во непосредна близина до авионот на „Аерофлот“ со ознака SU501.
„Правецот на движење и висината на цивилниот авион брзо се променија. Мерките што ги преземаа руските контролори на летање обезбедија безбедност на летовите во областа над меѓународните води на Црното Море“,
додава „Росавијација“.
Овој инцидент го потврди и руската авиокомпанија „Аерофлот“.
Авиокомпанијата откри дека екипажот на „Ербас А330“ за Москва можел да го види авионот на НАТО и пред да им биде кажано да го променат движењето преку контрола на летот.