Викендов и работната недела која следува ќе ја одбележи промена на времето по речиси двонеделниот топол бран, ја пренесува МИА временската прогноза од УХМР. Како што тоа беше случај на некои места во последните два-три дена, очекувано е во попладневните и вечерните часови наместа да има нестабилно време, со порен дожд и грмежи
Локално, ќе има и поројни дождови, силен ветер и град. Што се однесува до утринските температури, тие ќе останат високи. Во постепено и благо опаѓање се очекува да бидат дневните
Денеска земјата ја очекува сончево и многу топло време со мала до умереа облачност. Но, во попладневните часови, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално, можно е и невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде од 13 до 22 степени, додека максималната ќе достигне од 32 до 39 степени, со УВ-индекс 8.

Времето во главниот град продолжува да биде многу топло, со мала облачност. Но и во Скопје за попладневно е можно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Во делови од Скопската Котлина е можно невреме со силен ветер и град. Температурата се очекува да биде од најниски 20 до највисоки 38 степени.
Слична е прогнозата за цела недела, со таа разлика што од УХМР најавуваат благо постепено опаѓање на дневните температури. Во претпладневните и пладневните часови се очекува топло време, додека во попладневните и вечерните часови, на повеќе места се очекува нестабилно време и локални невремиња.