На местото на настанот е извршен увид од страна на дежурен обвинител од скопското јавно обвинителство. Земени се траги кои ќе бидат предмет на вештачење
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје нареди обдукција на телото на 31-годишниот А.С., кој вчера загина во престрелката во близина на полициската станица Бит-пазар во Скопје.

На местото на настанот е извршен увид од страна на дежурен обвинител од скопското јавно обвинителство. Земени се траги кои ќе бидат предмет на вештачење.
По наредба на обвинителот, се обезбедуваат снимките од камерите за видеонадзор од околните објекти. Воедно, издадени се наредби и насоки за идентификација на вклучените во случајот со цел целосно расчистување.
Вооружената престрелка зад полициската станица кај Бит-пазар се случи вчера попладне околу 14 часот. Во несреќата почина маж на 31-годишна возраст кој им подлегна на повредите на скопскиот клинички центар.