Националната телевизија Телма предмалку објави првични и неофицијални податоци од Државната изборна комисија, по пребројани само околу 15 отсто од избирачките места.
Според телевизијата, процентот на освоени гласови засега е следна:
- СДСМ – 34,88%
- ВМРО-ДПМНЕ – 34,04%
- ДУИ – 12,6%
- Алијанса за Албанците и Алтернатива – 10,38%
- Левица – 3,3%
Ваквите информации засега не можат да се проверат затоа што повеќе од половина час не работи интернет-страницата на Државната изборна комисија каде што требаше да се појавуваат резултатите.