Во Врховниот суд денеска се одржа јавна седница во врска со притворот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е осомничен за вмешаност во грабнувањето на девојчето. Ова беше втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелацискиот суд Скопје
Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.
„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А. Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“,
се наведува во соопштението од Врховен.
Во Врховниот суд денеска се одржа јавна седница во врска со притворот на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е осомничен за вмешаност во грабнувањето на девојчето.
Ова беше втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелацискиот суд Скопје.
Адвокатот на осомничениот Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ на седницата рече дека од последната одржана јавна седница до денеска, околностите воопшто не се променети.
Туфегџиќ додаде дека осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната исправа му била истечена и дека тој активно учествува во истрагата.
По седницата, Туфегџиќ во изјава за медиумите информира дека бил вештачен мобилниот уред на Ѓорчевски, но дека сѐ уште немаат никакви информации од вештачењето. Тој посочи и дека случајот стигнал и до Центарот за социјални грижи, откако на семејството на таткото на Вања не им било дозволено да остварат контакт со неговата помала ќерка.
Осомничениот Александар Ѓорчевски се сложи со образложението на својот адвокат и истакна дека е обвинуван, како што рече, за некои работи кои и ден-денеска не ги разбира.
Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.
Инаку, за убиството на малата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски се осомничени пет лица меѓу кои и нејзиниот татко, кого истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје го товари дека помогнал во грабнувањето на девојчето откривајќи им ја на сторителите рутината на нејзиното движење.