Кандидатот за претседател од коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари денеска на иницијатива на Форумот на млади на „Вреди“ во огранокот во гостиварско Врапчиште, преку спортски активности ја претстави својата платформа.
Тој возеше велосипед заедно со група мпади луѓе. Рече дека во овој регион има убави патеки што се многу интересни.
Таравари рече дека овој ден од претседателската кампања го искористил малку поинаку и во разговор со младите.

„Денеска продолжуваме со кампањата со малку поинаква активност. На иницијатива на Форумот на млади ‘ВЛЕН’ во огранокот Врапчиште организиравме спортска активност, со велосипеди. Ќе се движиме низ некои патеки кои се интересни и многу пријатни во овој регион. Верувам дека ќе се сретнеме со други луѓе, ќе разговараме и ќе ја расплетуваме нашата програма. Пред сѐ ќе разговараме со младите за нивните проблеми, маки и предизвици. Така, денес во кампања сме со малку поинаков начин од другите денови“,
рече Таравари.
Инаку, митингот на коалицијата „Вреди“ што требаше да се одржи вечерва во Гостивар во 20:30 часот е одложен, а одложени се и актовностите планирани за утре.
Како што информираат од изборниот штаб на „Вреди“, одложувањето е поради сообраќајна несреќа што се случила денеска, а во која загинал млад гостиварец.