На средбата со заменик-шефицата на грчката дипломатија, Таравари порачал дека земјава нема друга алтернатива освен влезот во ЕУ, а оти новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Грција
Спроведувањето на усвоените меѓународни договори треба да биде задолжително и покрај тоа што и во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со нив, се согласиле на денешната средба Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и заменик-министерката за надворешни работи на Грција, Александра Пападопулу.

На средбата со Пападопулу одржана во Собранието, Таравари порачал дека земјава нема друга алтернатива освен влезот во Европската Унија, а оти новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Грција, како мошне важен партнер на земјава.
Освен заменик-шефицата на грчката дипломатија, на средбата со Таравари присуствувала и амбасадорката на Грција во земјава, Софија Филипиду.
Претходно денеска Пападопулу се сретна и со собранискиот спикер Африм Гаши и ја пренесе пораката од целото грчко лидерство оти С Македонија има искрен пријател во Грција.