Вака, меѓу другото, одговори премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на вчерашната изјава на министерот за здравство Арбен Таравари кој кажа дека премиерот ќе се согласи на уставни измени, како што тоа претходно го направил со Коридорот 8 и Преспанскиот договор, на кои иако имал забелешки, но сепак ги прифатил
Во однос на уставните измени, премиерот рече дека бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство
Мислам дека не е така кажано од страна на господинот Таравари, како што вие го цитирате, но во ред.
Вака, меѓу другото, одговори премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на вчерашната изјава на министерот за здравство Арбен Таравари кој кажа дека премиерот ќе се согласи на уставни измени, како што тоа претходно го направил со Коридорот 8 и Преспанскиот договор, на кои иако имал забелешки, но сепак ги прифатил.
„Никогаш не сум бил против Коридорот 8, а да точно, сум бил против Преспанскиот договор и да точно е, откако на насилен пат се носеа пратеници да гласаат за уставните измени и кога сето тоа стана реалност, уште во опозиција пред четири-пет години реков дека не можеме да ја игнорираме јавноста. Тоа што вие го цитирате не беше така кажано од господинот Таравари, но во ред. Јас категорично демантирам дека така беше кажано“,
рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.
Во однос на уставните измени, Мицкоски рече дека бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство. Додаде дека нема намера да отстапи ниту милиметар од своите ставови за ова прашање.
„Ние можеме да зборуваме за уставните измени но истовремено можеме да зборуваме за други работи кои ние ги бараме коишто се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, зад која застанаа повеќе од половина милион граѓани и јас немам намера ниту милиметар да се поместам од тоа што сум го кажувал, го кажувам сега и ќе го кажувам во иднина“,
додаде Мицкоски.
Претходно вчера, во интервју за ТВ 21, министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, рече дека премиерот ќе се согласи на уставни измени, како што тоа претходно го направил со Коридорот 8 и со Преспанскиот договор, на кои иако имал забелешки и бил против нив, сепак ги прифатил.