Дополнувањето на позитивната листа, истакнал Ханс Клуге, е чекор што ја одразува посветеноста на министерот за здравство кон подобрување на здравствените услуги и пристапот до неопходни лекови за граѓаните
Министерот за здравство Арбен Таравари добил јавно признание од регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, за надополнување на позитивната листа на лекови.

Дополнувањето на позитивната листа, истакнал Клуге, е чекор што ја одразува посветеноста на министерот за здравство кон подобрување на здравствените услуги и пристапот до неопходни лекови за граѓаните.
Тој ова го истакнал на неодамнешниот 74. регионален состанок на СЗО за Европа.