Посочи дека средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а овој оглас е дел од стратегијата на државата за нивно задржување во во земјата, заедно со уште неколку мерки преземени годинава
До крајот на годината ќе се распише оглас за трајно вработување на околу 1 100 лица, средномедицински персонал во јавните здравствени установи во земјата, кои сега работат со договор на дело. Ова денеска го најави министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање каде има најголем дефицит на ваков кадар во здравствените установи и како тој да се задржи во државата.
„Во средномедицински кадар, покрај медицинските сестри, тука се и болничарите лаборантите … Но, со овој оглас нема да се покрие недостигот на овој персонал. Тоа е малку, повторно ќе имаме потреба од вработувања“,
рече тој.
Посочи дека средномедицинскиот кадар е столб на здравствениот систем, а овој оглас е дел од стратегијата на државата за нивно задржување во во земјата, заедно со уште неколку мерки преземени годинава.
„Оваа година ќе примиме 300 специјализанти, а следната уште толку. Ќе примиме над 1 000 средномедицински персонал, имаме колективен договор, покачување на платите. Повеќе од ова за шест месеци не знам што можевме повеќе да направиме. Ова се наталожени проблеми, од 2017 година“,
вели Таравари.
На прашањето дали на Клиниката за Онкологија има недостиг на лекови, Таравари рече дека од денеска за онколошките пациенти се достапни двата биолошки лека, за кои имало недостиг само неколку дена.
Посочи дека процедурите за набавка на овие лекови се сложени, а мора да се следат биде станува збор за меѓународни тендери.