Како што пред една недела објави „360 степени“, најсериозната варијанта за спроведување на политичкиот договор постигнат меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во 2020 година, во пресрет на парламентарните и претседателските избори в година е Талат Џафери од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред избори, а Јован Митрески од СДСМ – нов претседател на Собранието
Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец во Северна Македонија, одлучи Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште.
Информацијата на својот фејсбук-профил ја објави портпаролот на партијата и министер за надворешни работи, Бујар Османи.
„Талат Џафери – Првиот албански премиер! Речено, направено!“,
напиша Османи.
Османи ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.
„Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори“,
објави Османи на Фејсбук.
Како што пред една недела објави „360 степени“, најсериозната варијанта за спроведување на политичкиот договор постигнат меѓу Зоран Заев и Али Ахмети во 2020 година, во пресрет на парламентарните и претседателските избори в година е Талат Џафери од ДУИ да биде премиер на техничката влада сто дена пред избори, а Јован Митрески од СДСМ – нов претседател на Собранието. Со ова решение, според извор на „360 степени” во владејачката коалиција, би се постигнал баланс во распределбата на врвните функции во власта, ДУИ не би имала и премиер и претседател на парламентот во исто време, во случај да не се избере шеф на државата, в. д. претседател би бил етнички Македонец.