Претседателот на Левица и пратеник во новиот парламентарен состав, Димитар Апасиев, потврди дека голема сума на пари на партијата се блокирани со пропаѓањето на „Еуростандард“ банка. Тој вели дека политичките непријатели се ситат на ситуацијата на Левица.
„Гледам восклик од ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираната голема сума ПАРИ на Левица во пропаднатата Еуростандард банка. И не им фаќам за зло. Тоа се таков калибар ситнобуржујски луѓе кои мислат дека парите се сè во животот. И затоа имам огромна жал за нив“,
напиша Апасиев на фејсбук.
Тој вели дека Левица е учена да биде без пари.
„Нас никогаш не ни е страв, пак од нула да почнеме! Во тоа е нашата величина. Оти сме троскот. Не можете нас да нè искорнете! Во тоа е нашата незгодност. Ние сме тие лоши, црни, малечки гадови! Проклет да бидам, таква ни е ѕвездата. Кај и да одиме, се бориме со милион интриги. Нè ловат како некои ѕвериња. Ама па и ние, проклет да бидам, и ние не се даваме!“,
пишува Апасиев и најавува правна битка за поврат на заробените средства.