Возачот, по нереќата, бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар

Шеесет и двегодишен скопјанец, кој работел како такси-возач, починал вчера додека со својот автомобил превезувал патник.
Такси-возачот, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, додека управувал со своето возило доживеал срцев удар по што излетал од патот и удрил во дрво.
„На 31.05.2024 во 17:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот ‘Словенија’ во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси-превоз ‘шкода рапид’ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво“,
се вели во полицискиот извештај.
Возачот, по нереќата, бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.
Од полицијата додаваат дека на местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.