Десет се во фаза на клиничко тестирање, а останатите 123 во претклиничка евалуација
Во моментов во светот се работи на развој на 133 вакцини против ковид-19, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на Светската здравствена организација (СЗО).
Според документите објавени на веб страницата на СЗО за десет од потенцијаните вакцини во тек се клинички тестирања во САД; Велика Британија и Кина.
Останатите 123 се во фаза на претклиничка евалуација во светот и тоа на универзитетите во Токио, Тулејн, Алберта и Питсбург.
Досега во светот има 6 140 934 заболени со ковид-19, од кои 373 548 починаа. Овие случаи според СЗО се регистрирани во 260 земји, области и територии.