Светската здравствена организација (СЗО) не е сигурна дали присуството на антитела во крвта обезбедува целосна заштита од повторени инфекции со новиот коронавирус, изјави Мајк Рајан, еден од највисоко рангираните експерти во организацијата.
Рајан додаде дека дури и ако антителата се ефикасни, мали се индициите дека голем број луѓе ги развиле и дека почнуваат да обезбедуваат таканаречен имунитет на стадо кај поголеми групи од популацијата.
„Голем дел од прелиминарните информации што ни доаѓаат сега укажуваат на тоа дека прилично мал процент од населението се здобиле со антитела“,
нагласи тој, додавајќи дека генерално нема докази дека повеќето луѓе во заедницата развиваат антитела.
Италијанските лекари веќе најавија дека ќе почнат со користење крвна плазма од оние што оздравеле од ковид-19 за да им помогнат на најтешко заболените во болниците.
*Поврзана вест
СЗО: Немаме доволно информации дали опоравени од ковид-19 можат повторно да заболат
Се работи на техничка подготовка за лекувањето со крвна плазма