Светската здравствена организација се надева дека кризата со ковид-19 ќе помине за помалку од две години, изјави генералниот дирекор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.
Тој додаде дека шпанскиот грип што се појави во 1918 година траше две години, но сегашната ситуацијата се случува во време кога има многу подобра технологија која може да се користи во ситуација на пандемија.
Во светот со новиот коронавирус досега инфицирани се 22 986 700 лица, од кои 799 294 починале, а оздравеле 15 614 808 луѓе.
Светската здравствена организација соопшти дека човештвото не е ни приближно да постигне ниво на имунитет на коронавирусот што би било неопходно за стекнување на имунитет на стадо, каде што доволен дел од населението би имал антитела да ја запре епидемијата.
Имунитетот на стадо обично се постигнува преку вакцинација, а повеќето научници проценуваат дека најмалку 70 проценти од населението мора да има антитела за да се спречи епидемија. Некои експерти,сепак, сугерираат дека ќе се даде заштитен ефект дури и ако барем половина од населението има имунитет.
Повеќето спроведени истражувања досега покажаа дека само 10 до 20 проценти од луѓето имаат стекнато антитела.