Охрабрувачки е континуираниот пад на бројот на нови случаи за заболени од коронавирус во Кина, соопшти денеска Светската здравствена организација, но изрази воздржаност дека сепак е прерано е да се знае дали овој тренд ќе продолжи.
„Не’ охрабрува овој тренд, но не е време за преголем оптимизам“, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на брифинг во Женева, пренесоа британските медиуми.
Тој, исто така, забележа дека бројот на случаи на коорнавирус во остатокот од светот е многу низок во споредба со Кина, но, додаде, дека тоа можеби и нема долго да остане така.
Кинеската национална здравствена комисија денеска соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 114 смртни случаи и нови 349 заболени, што е најмал број во текот на еден ден. За споредба во вторникот, бројот на новозаболени беше 1 749 лица.
Вкупниот број на починати во Кина изнесува 2 126 лица, додека на заразени 75 600 лица.