Вработените во маркетите и продавниците не би требало да ја загадат храната доколку ги следат стандардните, а тоа се добри лични хигиенски практики кои го намалуваат ризикот од пренесување на вирусот.
„Тоа е често миење на рацете, употреба на средства за дезинфекција на рацете, употреба на заштитна облека, добра респираторна хигиена, ќе го намалат ризикот од ширење на болеста“,
истакнуваат од Светската здравствена организација (СЗО) и Организацијата за земјоделство и храна (ФАО) во заедничкиот водич за ковид-19 и безбедност на храната.
СЗО и ФАО како дополнителен начин за заштита ги посочуваат регулирањето на бројот на купувачи во продавниците, чекањето во редови со растојание, поставување средства за дезинфекција, ознаки на подот од маркетите за да се држи растојание.
„Иако засега нема научни докази кои сугерираат дека храната е поврзана со пренесување на ковид-19, важно е да се одржува хигиената околу полиците каде што е поставена храната во маркетите, а потрошувачите да ги мијат овошјето и зеленчукот пред консумација“,
укажуваат од СЗО и ФАО.